шверцување (имн.) - мигрант (имн.)

Но ете, откако го фрли тој сомнеж на него, зборуваше нешто нејасно за тајни канали преку границата на нашиот јужен сосед, за шверцување мигранти од Тунис, Мароко, Алжир, Нигерија, Авганистан и Пакистан, за луѓе од Кратово ангажирани околу некаков илегален логор за азиланти, за соработници на Ниротакис од Србија и Унгарија, за земји од Европа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Нашиот јужен сосед сака да не труе и на ваков начин,” се отвори пред мене Шефот, “тој канал мораме да го пресечеме.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Според сознанијата на Шефот, не беше исклучена можноста, паралелно со работата од Солунското пристаниште до Прифатниот центар и ангажманот што го имаше со нас во секојдневните активности околу пласманот на жените на црно, вклучувајќи го тука и бизнисот со текстилните фабрики во Дренок, Пробиштип и Виница, Ниротакис да бил вработен и од другата страна на границата, во организиран канал за шверцување мигранти од Авганистан, Пакистан, Нигерија, Тунис, Мароко и Алжир.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)