чувство (имн.) - или (сврз.)

Неговото продолжение, меѓутоа, содржи алегориска поука: она што е раселено во стварност, ќе се насели во главите, и тоа, зависно од самите глави, или како благослов или како проклетство, или како милоина на мислата и чувствата или како проклетиник, како наезда на глувци кои излегуваат од устите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Едо ништо не возврати, но го одземаше некое убаво чувство или претчувство.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И во сите одрази наеднаш, зашто навистина поинаку не можеше за биде, оживеа нешто што било чувство или копнеж во таа жена, брзо и јасно како отчукување на дамар.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Со чувства или без во убава сјајна конзерва, Конзерва која ме чува.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но заборавете ја мислата што ве мачи: јавно изразени чувства или симпатии во дружењето со Басотова не беа изречени.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или, поточно, со приличен напор, што не им е многу својствен на незадомените и слободни талкачи низ животот, успеав да се воздржам да буричкам по мангалот на чувствата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Згора на тоа, се промовира директно за сметка на задоволството или на чувството или на субјективитетот.92 ‌Лезбејското и геј-движење веќе долго се бори да им го извојува на настраните статусот на политичко малцинство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, има луѓе на кои нивното чувство или мисла им бега и се вселува во некој друг, во нешто друго; или можеби, некогаш одамна, научиле дека помалку ќе боли доколку дел од своето Јас, оној дел кој чувствува нешто, се префрли во нешто друго, наместо да остане во нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Една девојка, додека се обидува да заспие, го слуша ветерот, и ѝ се чини дека тој, а не нешто длабоко во неа, цвили, и помислува – “Колку тажно, колку болно цвили ветерот”, го слуша ветерот и останува глува за својот внатрешен цвилеж, не погледнува што е тоа што цвили во неа, затоа што некогаш таа вслушаност во сопственото цвилење болела како нешто да откорнуваат од неа, и затоа сега го слуша ветерот, слуша како ветерот цвили од болка. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Дали и тие се енергија? – праша Еразмо. - Да, суштествата и нивните чувства или живи духовности се појави и енергии кои протекуваат низ нив, доаѓаат и си одат, исто како ветрот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)