чувство (имн.) - кон (предл.)

Постојано беше обземен од ова чувство кон правдата, збогатено со сето знаење и умеење, стекнато низ разни режими, верувања, војни и граници на Балканот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ослободените „братушки” сега не сакаат да си ги признаат своите грешки; ете зошто изјавуваат дека тие се сите русофили, и дека го милуваат рускиот народ, но не ја милуваат руската влада, која не ги изразувала народните чувства кон Македонците и негативно се однесувала кон секоја искажана од народот симпатија кон нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
83. Таа арнотија добива уште поголемо значење со тоа што таа беше причината да се образуваат комитети, организации, чети, востанија, да има убиства, грабежи, колења и др. и во сето тоа Бугарија ни помогна и со пари и со трпење на комитетите на своја земја. 4/ верата во бугарското чувство кон нас си ја плативме со воставањето, од кое Бугарија вистина не нѐ задржа и не ни помогна, но… го испрати Начевича84 да преговара…
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- А, да... „скромните чувства кон вас, ви ја праќаме следнава помош: 9 глави голем добиток; 156 глави ситен добиток; 136 оки и 500 грама волна; 134 оки и 100 грама сирење; 8 парчиња злато; 25 оки и 100 грама маст; 54 оки и 150 грама сало; 218 оки и 300 грама жито; 936 оки и 100 грама граф; 147 рала чорапи; 32 торби; 20 метри шајак; 310 јајца; 46 кокошки; 22 кошули: 3 фустани...“
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ние, вашите родители, вашите жени и синови, ја сфаќаме како народна чест помошта до вас, борците на ДАГ и, изразувајќи ги нашите скромни чувства кон вас...”
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не престана да ја сака; неговите чувства кон неа останаа исти.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сега ова шампањско го отвори во чест на Татко, неговиот најверен пријател на Балканот и беше уверен, цврсто уверен и во Татковите чувства кон него.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ако тоа го прифатиш како отворено, искрено чувство кон најблиските може само да те прави среќен.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тоа ти би го нарекол „посесивност“, но нашите чувства кон тебе, нашата поврзаност со тебе се дел од нашата личност.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Од една просторна дистанца да видам какви ќе бидат моите чувства кон Филип, иако се повеќе и повеќе бев сигурна дека сепак тоа не е тој.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
• Преместување. Лут сум на Том, наместо на Дик. Се враќам дома и се „истурам“ на жената, поради моите чувства кон шефот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во тој момент знаев дека чувството кон таа друга мајка со ништо не го повредува чувството, љубовта кон мајката што не беше родила и што на така трагичен начин ја загубивме.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Моето чувство кон неа беше поблизу до страхопочитување.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
По тие часови почнав да откривам и нови чувства кон таа жена, и покрај свесниот отпор што ме држеше на раздалеченост од неа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Не се вратил. Надежда го преболела, го заборавила, а чувствата кон него ги погребала длабоко во срцето.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ми беше сомнителна таа градација на чувства кон моите песни кај госпоѓата, која како да сакаше да се оправда за нешто, и ја замолив да ми ја даде Луција, да се чујам со неа, да чујам од нејзина уста нешто за песните.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како и да е, таа случка на разбојот беше многу непријатна; најверојатно (оти не го имам читано дневникот на Лудвик), тој си замислил дека со тоа што го прегрнав при доскокот (го гушнав, затоа што во суштина ми беше многу жал за него, оти беше подготвен на најниски понижувања, само за да биде еден миг со мене), негувам некои длабоки чувства кон него. Но, тогаш не беше така.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не те зафати бура, а така нешто во тебе се скрши, во твоите мисли, во твоето чувство кон луѓето и светот нешто се променило и сакаш себеси да се убедиш дека не постоиш.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се плашеше дека може да се изменат и нејзините чувства кон Хелвиг.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Се уплаши кога сфати дека чувството кон него не е само пријателско.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Примете го изразот на моите искрени длабоки чувства кон вас.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Таа најискрено сметала дека ќе морам најпрвин во себе да ги надраснам чувствата кон Катерина а потоа сè ќе било поинаку и полесно.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Испратив телеграма до нашето Министерство за надворешни работи во Скопје за настанот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Долго размислував што ќе напишам! Моите чувства кон Арафат и Палестинците сега не беа во кругот на интересите на земјата што ја претставував.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа одлука на Македонците покажува дека грчката свест никогаш не исчезнала кај Грците од Македонија и дека јазикот што се употребувал по навика и како резултат на извршениот притисок во старо време, воопшто не ги промени нивните чувства кон грчката татковина.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Имаат ли чувство кон своите деца?
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
На поставеното прашање за неговите чувства кон Маре речиси со иронија забележа дека нема потреба да си вообразуваат работи што се надвор од секоја логика.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)