чувство (имн.) - ме (зам.)

И мене истото чувство ме обзеде предмалку додека ги полнев садовите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А еве, сега, наеднаш, ми дојде да ви го соопштам тоа, професоре Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ме обзеде нова доза страв, ме обли студена пот, но и чувство на некаква храброст оти сум блиску до амбасадата! И тоа чувство ме тераше напред.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Почекував капките да се исцедат од моето тело; ги гледав и ги чувствував како ми се тркалаат по кожата и таа глетка и тоа чувство ме релаксираа, ме ослободуваа од некоја недефинирана тежина која сакав да ја свлечам од себе како износена кожа, излитена и веќе неупотреблива за животот што ми преостануваше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)