чувство (имн.) - ги (зам.)

Сега веќе со поинакво чувство ги гледав свадбарите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А кога не можат ниту да побегнат, ниту да се уверат дека другите се само прецизни механизми, чувствуваат како другиот да го осакатува нивното Јас, како да ја касапи внатрешноста на тоа Јас, и тоа чувство ги полни со страв и со омраза. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Човечкото суштество прави јасна разлика меѓу себе и светот – може да сочувствува, може да биде бесчувствително, но секогаш мојата болка е моја болка, и мојата радост е моја радост, колку и да ги споделувам со другите; а болката и радоста на другиот никогаш не можат да бидат во потполност мои.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)