чувство (имн.) - бев (гл.)

Во сонот неговото најдлабоко чувство беше чувството на самозалажување, зашто тој всушност знаеше што има зад ѕидот на темнината.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нејзините чувства беа лично нејзини и не можеа да бидат променети однадвор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Преовладувачко чувство беше простото љубопитство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Љубовта беше искрена, чувствата беа вистински, чувствувавме страст, интимност, посветеност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Беше прекрасно и толку длабоко, храна за душите, подарок за секој нов ден, совршен свет без да жртвуваме ништо, ослободена љубов од сите бизарни стеги на секојдневието.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но, моите чувства беа силни, на моите слаби рамена прометејски го носев товарот на тагата, но успеав да се исправам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Меѓу Сцила и Харидба, меѓу две големи опасности, меѓу субверзивните сили на животот соломонски бараме одговор на прашањата: -„Зошто денес ни се случуваат несреќи?
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но, чувството беше сочувано - обеспокојувачко љубопитство кога отсуството се преобразува во присуство.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Таков беше и Младичот, чија кожа ја сетив на врвот од јазикот дури ги пикаше рацете под мојата блуза, и знаев дека престанував да размислувам. Чувството беше ослободувачка сеедност.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Какво олеснување, какво прекрасно чувство беше тоа, да можеш да си го дозволиш она што секогаш си го сметал за забрането и за опасно!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Од сосема нормална состојба речиси неусетно прејдов во онаа другата: бев свесен; моите мисли и чувства беа во склад со таа свест и тој преод беше лесен и јасен.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Можеби таквото чувство беше резултат на неговата увереност дека раководителот на службата си ја познава работата и нема да постапува онака несигурно и со многу нерасчистени пречки како службеното лице од пред малку.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)