чувар (имн.) - ќе (чест.)

Во малечката библиотека еден човек постојано се држеше за глава, извикувајќи: „Зборовите одлетуваат од страниците! Зборовите одлетуваат од страниците!,“ и повторуваше сѐ додека останатите читатели не се побунеа, па чуварите ќе го однесеа во неговата соба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Една жена, кога некој ѝ зборуваше, постојано ја движеше главата влево и вдесно, затоа што ѝ се чинеше дека зборовите летаат кон неа, и можат да се заријат во нејзиното чело.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Спокојно реши да ја дочека ноќта, кога чуварите ќе заспијат.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)