човек (имн.) - дека (сврз.)

Му рекоа на човекот дека е тоа нивно куче кое го снемало од дома, а тој им тврдеше дека пред една година го купил од некој човек на пазар.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
“ Познато е од практичното живеење на човекот дека прашања поставуваат само тие што го знаат одговорот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ајде, ќе помисли човек дека тие сепак разбираат нешто, но дедо му знаеше да зборува и со камењата, и со поточето и со облаците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Си вообразува човекот дека таа е пред него и си бара.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Виделе луѓето дека таму свртела колата од Хрушчов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Херман му вели на човекот дека никогаш порано не ги има видено овие таблети, тие се нови.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се насмевнува и ја прифаќа кесичката со две бели таблети.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Е, ама си здодевен човеку. Па ти рече човекот дека лично се ќе надгледува, нели, другар? - Точно е.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И да не помисли човек дека тука, во ова зафрлено ќоше од светот, целото село беше собирно место за народните непријатели.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ако му докаже на човекот дека Белчо е мирен и не апе, дека си игра со деца, тој ќе го пушти.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тука, покрај Густав Климт, седеше неговата две години постара сестра Клара, која повремено, сосема неумесно за салонот, грубо го удираше со лактот, го прекоруваше, а тој се правдаше дека неговото однесување е дел од слободата која му е потребна на секое човечко суштество.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој раскажуваше, ние црвенеевме, а Берта Ауербах сигурно веќе имаше решено уште таа вечер да му каже на овој млад човек дека ја откажува нарачката за семејните портрети.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Е, отсега да знаеш: злото е создавано алка по алка.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Последиците не биле сосема јасни а животот одамна го има поучено човекот дека е подобро со ново зло да му се затрупа трагата на поранешното, одошто да се плаќа во готово веќе сторената штета!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Така се родил тој синџир на злото, нели? Не ви објасниле?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Би мислел човек дека таа за ништо не се грижи, особено кога се деновите олку топли и пријатни.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ете зошто тој, Трифо Саздов, гостилничарот, бил онака директен и сосема јасен кога му рекол на градскиот човек дека Симо е одведен како народен непријател.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)