човек (имн.) - кон (предл.)

Архитектурата на Хундертвасер е во склад со постмодерното и постиндустриското време, со враќањето на човекот кон природата, со дефинитивното сознание дека човекот е само дел од таа природа, а никако некој над-организам, суштество кое може да живее надвор од својата природна околина и кое претставува централен субјект. 122 Margina #19-20 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Институциите се, значи, само снаоѓање во обидот да се над­владее природната наклоне­тост на човекот кон насил­ство.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Козите поживо од сите го враќаа него кон вистината за заедничкиот сон. – Ех, како се измешаа времињата! – извика Чанга. – Се измешаа, се измешаа! – И сега козите го враќаат човекот кон првиот сон, кон старата заедница, го спасуваат. Татко ми и со ова се согласи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повикот на природата е главна влечна сила што неуморно го привлекува човекот кон единството на природата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Патем размислував за големата љубов на парискиот човек кон кучето и кон другите домашни животни и се обидував да дадам одговор на оваа појава.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А еве, со сиот тој негов отпор кон враќањето на човекот кон природата, сега чекори низ студ и низ снег, низ оваа мрачна шума.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Минатото, иднината, тоа се безвредни измислици; израз на наклонетоста на човекот кон броење, кон раслојувања, кон расчленување на целината.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)