човек (имн.) - човек (имн.)

Смер-на см'р... стрм-на смр...  Сенка на нешто кое на фотографијата се гледа надвор од неа: сенка без човек човекот заѕидан сенката осакатена и заборавена доволно за да не престане да се враќа секогаш од кај слепиот агол!  По не знам кој пат!  Енигма Жолта пеперутка на црн ’рт.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
За човека човек е, за сите добар збор умее да пронајде.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ѕвездата моја ми шепти: си има тоа смиса, ноќва пустината ќе си шепти со еден мал човек човекот – со една голема пустина во себе...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Го проколнувам јас човекот човекот кој со дланки душата ми ја стопи ме остави ко ранета птица вечно да патам... а црвените патеки оставаа траги на згаснато тело траги на мртва љубов и затворено срце кое пати и чека го чека човекот со белиот коњ.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)