човек (имн.) - им (зам.)

Потоа откако стрико Никола ги пратил домашните на спиење, ним, на стрика Никола, на стрина Николица, на Атанас и на Бошета човекот им кажал кој е, од кај доаѓа и кај оди.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дури Толе разговараше во оваа колиба со четниците, Петре се поздравуваше во другата со Дамета Груев, којшто како местен работник и човек им го претставуваше на тие што не го познаваа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тука беа, покрај Груев, и сите главни војводи и раководители на Организацијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Му понудија и пари и по долги молења, човекот им го продаде.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Додека копачите мислеа што да се стори со влечењето на земјата горе, човеков им вели: „Кај Гадафи, во Либија, кога копаат бунари, кофата со земја ја влечат со магаре!“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој мина со дланка преку челото: па што. човекот им суди на невестулките на потполошките, на јагулите, на глувците, на лебарките, на каменот и на дрвото- па што?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Така утредента дедо Бошко на луѓето им рече: - Ќе ги кажам!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кој толку зборува, тој не може да биде будала: ете ја определбата на помодното општество.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Труди се да го заслужиш и ќе бидеш награден; но, немој да бидеш низок и да се шегуваш okno.mk 121 со она, што навистина е достојно за исмевање - тоа е знак на слабата фантазија, ако младиот човек им се смее само на смешните луѓе или работи; остроумникот на нашето време треба да го одбегнува тоа и да си го остри јазикот на сметка на почитуваните луѓе.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Тоа се и мои коски, тоа е и моја крв, запомни; секој човек им го позајмува своето месо на децата, барајќи од нив добро да го чуваат.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)