човек (имн.) - се (гл.)

Светот и човекот се идентични. Затоа расизмот е најглупавото нешто на светот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
– „Тие луѓе се штрковите наши што ни идат овде, браќа, им рекол; тамо во градот кај што бев има два извора: во едниот да се искапеш ќе се сториш штрк, а во другиот да се искапеш, да се сториш човек.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тие луѓе се вршителите на судбините на Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
— Што луѓе се тоа, ми велат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)