човек (имн.) - расте (гл.)

И со векови, чекор по чекор човекот растел во своите знаења.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
— Бев командир на баталјон, вели, човекот расте низ страдање...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не можеме да бидеме странци еден на друг, да потрошиме цел еден живот и пак да останеме туѓинци.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Секој човек расте, учи да сака со помош на друг човек.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И со векови, чекор по чекор човекот растел во своите знаења.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)