чизма (имн.) - лесен (прид.)

Ја фрли од на себе онаа застрашувачка облека и започна да ги носи фустаните што одамна ги оставила по шкафовите од разни материјали и кројки кои при одењето трепереа на нејзиното тело; и секој ден ја менуваше богатата гардероба; и косата ја пушти да ѝ паѓа по рамењата и плеќите и да ѝ виори при одење; чекорот ѝ стана полетен носејќи место чизми лесни чевли со високи потпетици кои мелодично поткрцнуваа во склад со виткањето на нејзиното тело; бледилото на лицето ѝ се замени со руменило, погледот ѝ стана мек и благ; устата ѝ ја изгуби мртовечката згрченост, се развлече и се исполни со сочност и благост.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)