чета (имн.) - кој (зам.)

Биле формирани 44 чети кои биле испратени во Македонија, кон кои се придружиле и 34 чети кои дејствувале на територијата на Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Посебна улога одиграла самостојната чета на Јане Сандански, составена од реонските чети на Александар Бујнов, Тодор Паница, Таската Серски, Чудомир Кантарџијев и др. војводи со 500 четници.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
- Не зборувај и слушај! - викна очаблавениот командир на четата кој стоеше со широко поставени нозе во калта и со едната рака си ги триеше градите. Левата му остана на Кајмакчалан.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)