чело (имн.) - му (зам.)

Краста му се внесува в лице.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Очите му заискруваат, а жилата на челото му набабрува.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Широкото чело му се собираше па се отпушташе низ новите бразди на обликот на мислите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
ГЛАВА ПЕТНАЕСЕТТА САБЛЕРСКИТЕ ФАБРИКАНТИ
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
По челото му избија капки пот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Челото му се набра, а очите му светнаа гневно и решително.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Пред да си легне во новата мајчина прегратка се ракуваше со Јан Фабр од Белгија, кому челото му беше оросено а рацете мраз студени.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Многу далеку од удобноста на Академијата во Фиренца.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Сигурно не сакаше арогантни ликови, а него дури и на чело му се читаше дека е токму таков.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Друг изм'кна јатаган'т, глава располови, тил и теме, и чело му на две половини.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Сакаше нешто да кажува, челото му се мрешкаше, а очите како да гледаа негде длабоко, длабоко, но само една воздишка му се откорна од градите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мускулите веќе почнаа да го болат, челото му се ороси со пот, а тој со стиснати заби продолжуваше да се напнува, да се инаети, да се надминува себеси.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Молчеше, се мачеше да дише што потивко и се вслушуваше. Челото му се ороси со пот.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Косата, која му беше црна и сјајна, му беше зачешлана настрана а над челото му стрчеа младешки локни.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
По белото чело му сјаеја капки пот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Го гледав: беше речиси неизменет, како да не стареел, како да немал време да го направи тоа; само брчките на челото му беа некако поистакнати, како некој запис да имаше на челото, господин судија, како да е тоа линија на животот што наместо на дланка, кај него се преселила на челото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кревката млада кожа, оптегната преку черепот, почна брзо да се брчка, на челото му се појавија првите оросени бразди, несвојствени за неговите триесет и пет години, предвесници на староста.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Бледа е сликата што сакам да ја создадам и во неа да ги видам како во оган горат планините на Грамос и како тие момчиња и моми чело му ставаат на усвитениот челик на гранатите и бомбите исфрлувани од англиските спитфаери и американските москити...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Арсо лежеше издолжен на одарот и само челото му се белкаше како камен зафрлен во аголот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Веѓите му ги ослободија очите, челото му стана уште помало.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Без брзање се исправи на нозе. Можеше засекогаш да ми ја затне муцката со удар. Од сеченото чело му протече крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Тој не се плаши ни од дедо ти, ни од неговата сенка, ни од тебе. Јас сепак знам, сум слушал.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се згрчи позеленет и зграпчи поголем камен на кој пред тоа се потпираше со едниот опинок.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Му ја наполнив чашата. Се тргна; згрчените мускули на челото му се измазнија.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Очите ми смекнаа, челото му се измазни и тој молбено ја погледна туѓата, износена облека.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Мустаќите изострени и подсвикнати нагоре како рокчиња од овне; на средината пожолтени од лулето што постојано го држи в уста; веѓите густи и спуштени над очите како ластовичини крилца; прстите на рацете глуждести, а кожата на дланките стврдната да може да фаќа и мраз и жар, и трње и коприви; на главата паларија: летен-зимен украс што го донесе од печалба; од погледот му зрачи стаменост и мудрост, почесто само со погледот зборува и со него ти ги открива мислите; со погледот како на терезија го мери соговорникот и открива колку му тежи умот; во ретки моменти кога е лут се забележува како резанките на челото му се поткреваат и спуштаат водејќи борба.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тапанџијата е клекнат пред неа, ја искривил шијата и ја гледа в очи; и свираџијата свирката ја вперил во неа, жилите на образите и вратот ќе му испукаат од напнатост; мевот му е стегнат со појас за да може подобро да дува; челото му е покриено со изналепени пари.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Шушкаво дишеше. По испотеното чело му лазеа влажни мравки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Знаеше дека преку челото му се подава темна жила, бил и останал тоа - гороломник.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А му влегол уште како дете: над челото му излегол израсток, како мало рокче.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Над челото му стрчеше рокчето како кренат палец, зацрвенето на врвот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Не изгледа широк во лицето а сепак растојанието помеѓу брадата и челото му се некако преблиски.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
При вакви помисли челото му гореше како во треска.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
После пет минути, забележав како целото чело му беше оросено.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)