чело (имн.) - го (зам.)

Со одвратност од себе сонот го оттурна она, мислите црни ги гони; но пак ја обградија мачните слики од сонот ноќеска што ѝ се сони. Штом шушнува нешто - смуртеното чело го крева сигурно синот ѝ ќе е!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ми го поткрена лицето нагоре и своето чело го доближи до моето.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На челото го чувствував нејзиниот папок, а од меѓу нозете избиваше мирис на развлажнета смола по пролетен дожд.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Градите ѝ бабреле, веќе биле допрени до неговото лице со многу врелина и морници на себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со чело го почувствувал брзите удари на туѓото срце што пуштало од себе невидливи жилички за да го стисне во нежна мрежа на чинки под чија лелеавост ќе заспие со машка недореченост на младата става изградена и склопена од безброј секакви сетила и непокорна на законите што важат за сите живи страственици, од најмалата и најбезначајната мравулка до човекот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И додека доктор Пачев, одушевен од резултатот на операцијата што веројатно и самиот не го очекувал, се поклонуваше на сите страни и тоа толку ниско што со челото го допираше трињето во арената, атлетичарот се смееше, грлено се смееше и ги поздравуваше со раката што до пред малку се чинеше отсечена.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Знам дека ги мешаш времињата. Знам дека си поигруваш со настаните.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Првата двојка – челото го правеа поп Димитрија и Јован Сирмев, а последната – Анѓа и Сирма.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
ќе бараш наслови за следните книги Бесови песни, Лажна смрт, Плодни денови поетите ќе ги распознаваш по интонацијата а времињата и приликите според употребата на заповедниот начин карфиолот и модрите патлиџани ќе ги готвиш без рецепти, така што да побудуваат носталгија по домашно огниште и другите туѓи именки сеедно по којпат, сега чекаш - чекањето по дефиниција е бесконечно - можноста да напишеш песна лебди во собата како можност за љубов, како самовила цела како јајце, како гром, како Господ цела челото го збрчкуваш пред карстната перспектива на иднината и ги трошиш последните резерви надеж - тебе речиси непотребни.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)