чекор (имн.) - наназад (прил.)

Додека во голема мера аполитичката глетка на разноликост продолжува некого да забавува, а други да иритира, чекорот наназад е веќе направен.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Таа сосредоточеност врз документарното битно го истакнува потеклото на предметот, а не татковството на неговото произведување.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тоа е како „супербрз чекор наназад“, кој го извлекува и разделува предметот од неговиот конвенционален ентитет и класификација.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа веднаш престана да плаче и уплашена направи еден чекор наназад.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ова тврдење ѝ задава жесток удар на класичната дихотомија според која сите тврдења се или вистинити или лажни, затоа што ако за момент помислите дека тврдењето на Епименид е вистинито, веќе следниот момент сте принудени да се вратите еден чекор наназад и да помислите дека е лажно.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тој полека се повлече од судницата, одејќи чекор по чекор наназад.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тој отвори и отскокна чекор наназад од страв.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Тоа е она малку (или многу) што го смисли Правејќи ги внимателно чекорите наназад Човекот кој стоеше скаменет во огледалото Или Оној другион, кој веруваше дека заминал И исчезнал како конец во довршен гоблен…
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Притоа отстапи половина чекор наназад со желба да ја пропушти сенката што го следеше.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)