чашка (имн.) - ракија (имн.)

Мајка му донесе чашка ракија и од омиленото мезе.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Завладеа тишината. Татко му дотури во полупразната чашка ракија на Камилски и ја наполни својата. Наздравија, но секој во себе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во една тивка квечерина, кога сонцето заоѓаше зад Тврдината и набргу во реката патуваше светлината на првите ѕвезди, Климент Камилски, по првата испиена чашка ракија, на чардакот на нашата куќа крај реката, загледан во далечината преку отворениот прозорец му прошепоти на спроти него седнатиот Татко: Во троа живот што ми преостанува на Балканот, најголемиот дел од моите заработени пари ги потрошив за моите книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко и Камилски, во ритам на балкански џентлмени, на кои им се добро познати обичаите на ритерството на маса, ги допиваа чашките ракија и мастика без да си дотураат додека не ги испијат до дно и со мезето се служеа со усул.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Набргу им се придружија и сопругите, на брзина ги кренаа празните чанчиња од мезето и потставија две кафеаво црвеникави тави во кои имаше по две големи половини модар патлиџан, исполнети со богата содржина на јадењето имам бајалди (онесвестениот имам), од кои се ширеше миризбата на печениот зарзават, во покрај модрите патлиџани, се гледаа златесто зеленикавите испечени бамји, ситно сечканиот магдонос, зелените позлатени пиперки, растопените црвени патлиџани, прошарени со испеченото мелено телешко месо.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
XXXII Татко обично пивнуваше претпладне чашка ракија пред да започне да работи на чардакот, опкружен од своите книги, а и навечер канче ракија со мезе што му го подготвуваше Мајка.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повозрасните мажи од селото, кога немаа работа околу добитокот, доаѓаа тука, некои седнати на столчињата, а некои така простум од нозе ќе испиеа по некоја чашка ракија.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Чашката ракија Никодин не ја испи, едноставно само ја истури низ грлото.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Да не сакаш и чашка ракија? - Е, со нејзе моја капетанице добиваш уште еден чин повеќе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Никодин, откако потегна неколку длабоки димови, побара чашка ракија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А.А. почека уште малку, погледна лево-десно, бевме сами во кафеаната, со чашка ракија пред нас, па продолжи со надеж дека ќе го предизвика мојот одговор: - Спасот на нашата мала, поделена и опкружена татковина со непредвидливи непријатели е само во извор­но­то и непоколебливо придржување на идеите марксиз­мот-ленинизмот, и сега посебно сталинизмот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тие ме понудија со чашка ракија. Побарав вода.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А.А. предложи по чашка ракија до блиската кафеана. Се согласив.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Е, тука, богами“, рече расмеано и некако со распашано поведение, задоволно кревајќи ја сега веќе втората чашка ракија и завалувајќи се во столицата, „Е, тука, богами, Тито се има сопнато“, рече, „ама уште не знае што трн во ногата си ставил!“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Константин да пие и за чашка ракија да ја развеселува сонливата чаршија и, бездруго, да тагува. Не се мразевме, ги разделила туѓа омраза. ***
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Смешно фрлајќи ги нозете во скинати калоши натака-навака минуваше покрај дуќаните и на свој начин тргуваше покажувајќи ги гипсените фигури: - Народе, една златна помпадур - две чашки ракија, Толстој, гроф и писател, и неговото величество Александар Први - три чашки...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Вие седите овде и не давате чашка ракија.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тетка Перса нему веќе му тури чашка ракија, а на Пена лажице слатко од дуњи и чаша студена вода.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Леле, што си барал таму, црни, Борисе! - свика баба ми, нудејќи му чашка ракија на милиционерот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ване никогаш не го видел со запалена цигара или со чашка ракија, и кога одел на гости и кога доаѓале гости.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Не ставаше во пивото некоја чашка ракија? Не повраќаше на униформата?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Го почестив една чашка ракија, а мислам дека заслужуваше уште една.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
При чашка ракија и мезе што ги донесе ведрата Наташа Лозинска на терасата со поглед кон реката, Игор Лозински, Татко и Цветан Горски го продолжуваа како во троен сојуз разговотот за иднината на музејската колекција, но посебно за судбината на патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тетка небаре ја следеше внатрешната линија на моето љубопитство, на времето разделно, па продолжи: - Една вечер пред заминувањето, стариот прилепски кадија му ја отворил до дно душата на татко ми крај чашката ракија и погледот упатен кон сините езерски далнини: „Пријателе мил, дојден сум да се збогувам со тебе, со Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тој ја пиеше третата чашка ракија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во тивката квечерина, Мајка му ја донесе на Татко, по многу време, чашката ракија со мезе којашто тој многу ја разретчи во последните месеци, особено по јасната манифестација на дијабетот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)