чашка (имн.) - коњак (имн.)

Потоа му налеа на Татко и себеси, па, како во здравица, рече: Да ги кренеме овие чашки коњак за наше здравје и за досегашната успешна работа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Знаеш, пријателе, и Толстој пред да започне да пишува секое утро, испивал по чашка коњак, неоти крвта ќе струи побрзо во дамарите отколку што одредила староста, ама нешто мигновно побрзо ќе проструи во умот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да видиме дали така ќе биде и со нас?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
ЉУБА: Подобро напијте се една чашка чај. Или можеби чашка коњак?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Клаус ја допива својата чашка коњак.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Лечејќи ги ноќните несоници, мајка ѝ по лекарска препорака почна да зема валеријана, а таа по сопствено наоѓање го создаде ритуалот со трите вечерни чашки коњак.  Во тој стек на околности, особено како што времето заробено во новите односи и навики споро истекуваше, приликите губеа од романтичната сила дури и без споредба со врската меѓу Хана и Леон за која ѝ зборуваше мајка ѝ.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)