чаша (имн.) - кон (предл.)

- Ајде, до дно... - ја крева докторот чашата кон дајреџијата и пее: “Зато, браќо, пијмо га, док не пук.. не зора...“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Така е... - рече Англичанецот, - доста му е! - ја сврте чашата кон Французинот насмевнувајќи се: - Ајде ние да си се напиеме што не сме од азијатско потекло и што имаме по два ензема во црниот дроб...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Знам, вам ви е сега поважна границата... - ја издолжи раката со празна чаша кон игуменот да му тури.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тој се симна по скалите, пријде до масите, плати, ја подаде празната чаша кон една од болничарките, и таа одново ја наполни.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сакате? - ја држеше издолжена празната чаша кон рибарот кој му туриваше радосен што тргна работата, што проблемот ќе се реши многу лесно, без мака, без страв и неспокојство.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Ајде,“ му реков, „ајде да се преоблечеш,“ и го поведов кон самиот влез во зградата на болницата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)