чаша (имн.) - чај (имн.)

Појадувавме едно парче леб со кашкавал или салама и чаша чај или млеко. Во осум часот ни почнуваше наставата.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Траеме во молк. Исмет порача втора чаша чај. Пие полека.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И наредните денови пченкарното плокчесто лепче го имав трипати на ден и секој ден за појадок и вечера го добивав заедно со исто толку големо парче засушен мармелад и чаша чај од истата тепсија и кутија од кои добиваа и Албанците.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Изгледа, чиновниците веќе од поодамна се имале собрано и веќе испиле по една чаша чај.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)