чаша (имн.) - сок (имн.)

Сега сушата му ја исцица течноста од телото и тој венеше од жедта и таму веќе немаше течност, освен во чашата сок од портокали и во филџанот кафе што беа на послужавникот и беа бајати и смрдеа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Грета ја грабнува чашата сок од раката на едното дете, отпива од сокот и течноста ја исплукува врз Среќко кој се превиткува на подот. Сите стануваат. Настанува врева)
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Грета станува од столчето и половината од јазикот на Среќко ја исплукува во чинијата на соседната маса каде што седи една отмена дама со нејзините две деца.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Донесе два филџана кафе - за мама и за него - и чаша сок за мене.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тато стана од попладневниот одмор и дојде на балконот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Радоста што им ја приредија Роса и Деспина беше запечатена со по едно јако вистинско кафе со лажиче слатко и со по една чаша сок направен од вештите раце на Перса, а потоа почна да се празни малечкото дворче.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)