часовник (имн.) - го (зам.)

На плоштадот под кулата секогаш многу народ - главно туристи, и штом на кулата часовникот го отчука часот, од две вратничиња се појавуваат 12-те апостоли.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во нескршливата тишина со нас се раѓа страв, исконски страв за да не се изгубиме во хаосот на апсурдното постоење, каде часовникот го мери нашето веќе загубено време.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Часовникот го слуша како одзвук на камбана.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Коњаникот во часовникот го минуваше својот пат оставајќи зад себе трага на огромна празнина. Не брзаше нигде.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Невидлив часовник го отчукува времето на почетокот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)