час (имн.) - откако (сврз.)

Веројатно поминаа два или три часа откако го доведоа во оваа ќелија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Поминаа можеби дваесет и четири часа откако јадеше, последен пат, можеби и триесет и шест.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Формулата на Шефот во случајот на полицајката беше едноставна: Ема, заедно со Нинослав, ќе го води префрлањето на Илона, а специјална екипа што тој ќе ја испрати таа ноќ на граничниот премин Табановце, неколку часа откако Чехињата ќе биде пропуштена без да се евидентира во системот за гранична контрола, ќе открие злоупотреба на службената должност на полицаецот Јованче Крстов кој својата улога во нашата група дотогаш си ја извршуваше беспрекорно.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Некаде околу седум часот, три часа откако пукала во мене, се предала на полицаецот на Тајм Сквер.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Изминаа веќе три часа откако Ева се обидуваше да го скине сочното јаболко, кое речиси доземи ја беше навалило гранката на старата јаболкница, а сите мислеа дека таа никогаш повеќе нема да раѓа плодови.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Зошто дента, само неколку часови откако ја земав чашата, тој почина.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Помина веќе цел час откако се отидени...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Најпрвин во првиот окоп бил Киро со својата кртешница, која непрестајно беше вклучена, а тој сè помалку имал муниција.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Бездруго имаше два часа откако заминав и слушав како Киро дава наредби: Другари, во мојот правец одете, имам толку муниција колку да стигнете до бригадата, па тие да отворат оган за да можам јас да отстапам и да се спасам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)