час (имн.) - полека (прил.)

оние што газат неуедначено: час со подолг чекор, час со покус, час со побавен, час со побрз, занесувајќи го телото и извиткувајќи го како да се пробиваат низ некои невидливи пречки - тие се колебливи, не се многу стабилни, двоумници се, пишманџии; одат, а одвреме-навреме се вртат назад како некој да ги гони; при нагли запирања, се занишуваат како да ќе паднат, а некогаш одат полека, час полека, час побрзо; слично на одењето - повторуваат што рекле за да се сигурни; често при одење, си се допираат еден со друг со рамењата за да го одржат тактот;
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)