час (имн.) - дневно (прил.)

Но, бидејќи немаше досудени времени мерки за времетраењето на спорот, таа – потпаѓајќи под финансискиот притисок на секојдневието и, мимо решението кое го беше добила од Фондот за ПИОМ, про- должи да оди на работа со полно работно време од осум часа дневно, како би можела да добива и хранарина – која сума, барем за неа, не беше воопшто за занемарување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судскиот спор, во којшто имаше и вештачење од стручно лице- економист (М. Начарова), траеше една година – за да во месец октомври 2003 судијката (В.Мојсова) донесе пресуда во корист на Кирова, која нејзе ѝ е доставена следниот месец.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Нејзиното барање, врз основа на Наодот, оцената и мислењето бр. 2322 на Првостепената комисија, раководителот на подрачната единица го усвои и – во јули 2002 – донесе решение со кое се констатира преостаната т.е. намалена работна способност, со препорака за работа со скратено работно време.4
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во ЈКП „Дервен“, во тоа време, веќе имаше неколкумина вработени кои, по разни основи кои беа предвидени и во Колективниот договор за комуналните дејности во РМ како и во Колективниот договор на ниво на работодавач, работеа со скратено работно време од четири часа дневно,5 а за тоа примаа соодветен надоместок (кој изнесуваше 85% од разликата меѓу платата што се добива за работа со скратено работно време и „нормалната“ плата која би ја оствариле доколку работеа со полно работно време).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сто школски табли се испишани за време на Бојсовото четиринеделно предавање (8 часа дневно) за време на Лондонската ICA изложба „Уметноста во општеството - општеството во уметноста”, - се изложени врз голема крената дрвена платформа.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Најамбициозната Бојсова инсталација која ги користи овие табли, Усмерувачки сили (1974), доминираше во централниот изложбен дел на МОМА.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се предвиде дека не може да се вработи лице под 15 години кое сеуште не завршило задолжително образование, освен за учество во „активности“ утврдени со закон, но не повеќе од 4 часа дневно и тоа само за оние работи кои не се штетни по неговото здравје и безбедност.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Со ваквата законска резерва се остава широка можност за злоупотреба во праксата, каде работодавачот искористувајќи ја својата надмоќна позиција во однос на работникот, преку разни закани и притисоци ќе издејствува да ја добие оваа „согласност“ на работникот; г) до терминолошка измена дојде кај дополнителното работење со промената на нејасниот, конфузен и терминолошки недоследен „договор за вработување со скратено работно време“ со поприфатливиот „договор за вработување со неполно работно време“ (part-time job) (чл. 24 од ЗИДЗРО/фев.13);29 д) во сферата на прераспределбата на работното време кон чл. 124, кој ја регулира оваа материја, беа додадени нови четири става кои нормираа дека при прераспределба на работното време кај сезонската работа, тоа не може да биде подолго од 12 часа дневно или 55 часа неделно, за време не подолго од четири месеци.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Интерскринингот - создавањето заеднички дигитални реалитети - ќе биде најпопуларната и најразвивачката форма на меѓусебна комуникација.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За дваесет години ќе минуваме седум часови дневно активно навигирајќи, истражувајќи, колонизирајќи, експлоатирајќи ги дигиталните океани и континенти.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Просечното американско домаќинство гледа телевизија 7.5 часови дневно.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Речиси сите бизнис- трансакции се раководени со софтверски програми со кои се комуницира преку мониторите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Градат бараки за новите групи луѓе кои допрва ќе бидат доведени тука, или работат во градините за да имаме храна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Помладите од шеесет години работат по дванаесет часа дневно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Чувството на вклучување во WELL* само за минута - две, или за купишта време од денот, е мошне слично на чувството на минување низ кафеанчињата, пабовите, за да се види кој сè е таму(...) Слични се и катастрофалните последици во однос на дневните обврски - губите часови и часови дневно, муабетејќи на интересни, но не многу важни теми.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но, така е кога твојот свет трае најмногу два до три часа дневно.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Работеле по дванаесет часови дневно, го напуштале училиштето на деветгодишна возраст, спиеле по десетмина во една соба.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Децата, не постари од вас самите, мораа да работат по дванаесет часови дневно за безмилосните газди, кои ги камшикуваа ако работеа премногу бавно и ги хранеа само со бајати корки од леб и со вода.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во еден свет во кој секој би работел само неколку часа дневно, би имал доволно храна, би живеел во куќа со бања и со фрижидер, и би поседувал сопствен автомобил или дури и авион, најочигледниот и можеби најважниот вид на нееднаквост, би исчезнал.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Секој граѓанин, или барем секој граѓанин што беше доволно значаен за да биде надгледуван, можеше да биде изложен по дваесет и четири часа дневно на будното око на полицијата и на звукот на официјалната пропаганда, додека сите други канали за комуникација беа затворени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој се воздржувал од сѐ и бил непушач, немал друга забава освен еден час дневно во вежбалницата, и бил заколнат на целибат, верувајќи дека бракот и грижата за семејството се неспоиви со дваесет и четири часовната посветеност на должноста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сега просечниот Американец седи пасивно седум часа дневно со очите и со носот залепен за телевизискиот екран. Тоа е грозно.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И сеедно колку небулозно и лудо да звучи, се соочуваме со два факта, што несомнено важат: просечниот Американец минува седум часа дневно, така што се ѕвери низ прозорецот во “електроносферата”, и 600 000 деца за минатиот Божиќ ги употребуваа ракавиците за да ги пикнат рацете низ тој прозорец.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Навистина големи пари ќе се вртат кај Облекувањето филмовите, ТВ емисиите и книгите тогаш, кога компјутерска облека ќе малиот човек ќе може да купи евтини помагала, биде во историјата на со кои што ќе може самиот на екранот да човештвото исто толку го направи она што го прават ѕвездите и важно, колку што било режисерите. важно нагрнувањето Денешниот просечен Американец минува седум кожа во палеолитот. часа дневно пред “идиот-кутијата”.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тој едноставно сакаше тоа да биде место во кое клинците не би чувствувале потреба да се муваат 24 часа дневно.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Овие работнички работеле по 10 часа дневно, два месеци не зеле плата, а газдите не им плаќале ниту боледување, ниту хранарина.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Не зборувам за луѓето на социјална помош кои се под опресија на еден традиционален начин - тие 24 часа дневно се зависни од институциите кои ќе дадат пари или не, коишто можат да ги контролираат, коишто можат да влезат во нивните куќи кога сакаат.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но денес Фукоовата паноптичка власт се применува на малцинството.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Гротескно и непријатно но вистинито: секој од нас дваесет и четири часа дневно живее крај тезга: од девет до пет произведувам и продавам, се наоѓа од внатрешната страна на тезгата, а од пет попладне до девет утредента истиот тој/таа е од другата страна на тезгата и купува, купува...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Имаме цела екипа од луѓе кои прават сѐ што ние сакаме да направиме. Тие (компјутерската безбедност) ги имаат луѓето со коишто работат и можеби уште два-тројца кои можат да ги повикаат по потреба. А кога мојот мозок работи на нешто 24 часа дневно, а вашиот шест и пол, без да го сметаме ручекот, нормално дека ќе ве надминеме.“
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Работев осум часа дневно, а за тоа не земав плата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)