час (имн.) - го (зам.)

Маргина 35 61 Овде четири и пол години се работеше, од илјадници работници се бараше да го дадат својот максимум, сигурно не затоа за сега да се изложуваат дела на луѓе кои покрај сè беа и мрзливи, па за пет часа го наплескале платното уверени дека смелоста на моленевитото остварување на таков еден гениј, ќе направ доволен впечаток и ќе создаде претпоставка за прием на таквите дела. IX Претседателот на Државната комора за литература, Hans Johst, зборува на Неделата на воената книга 1941: ...
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Веројатно најголемиот дел од времето на часот го поминував во чкрабање.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Го одведоа во училиштето и цел час го сослушуваа ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Му ги одврзале рацете, устата, очите и со часови го триеле со топла вода и ракија.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Акиф моментално се здрви наместо и позелене, но стравот да не оптегне Толе за ногата од берданката веднаш му помина, сеќавајќи се дека нема фишек во пушката, и за час го извади јатаганот и со светкавична брзина го удри Толета со тилјето по раце, така силно што му падна пушката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Седев и три часа го пеев украдениот програм на Ралфи.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
И додека Боше и брат му Атанас Цицко ги нажапчуваат капаците, откако пред тоа првин ги отвораат, а потоа и ги затвораат џамовите, (за тоа малку време во одајата шибнува студен воздух и за час го растерува чадот од цигарите и мирисот во восокот на свеќите) тој намерно зборува полека, намерно развлекувајќи ги речениците, за да остане помеѓу зборовите празнина во којашто, се надева, другите ќе имаат време да се досетат за што зборува и да размислат за тоа што зборува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Отсекаде се чуја плачови и пискот силен, и чиниш, овој народ клет тој час го оплакуваше со својот лелек вилен најсвидното на овој свет.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Режисерот за час го остави дневникот. Се сврте кон мене.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Земи, направи ама и кажувај. (Сите нетрпеливо чекаат и час го гледаат во устата, час во рацете).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ко сезонско овошје час го има час го нема... и повторно се појавува но во друг облик.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
А син му Горан вртеше кругови околу Карпош и Капиштец и го враќаше дома како да е тоа најнормално: „Ете тато, стигнавме на викендичката“, му зборуваше качувајќи се натоварен со телевизорот во прегратки на вториот кат во станот, од кој пред пола час го беше изнесол.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Преостанатото време од неколку часа го поминаа на Калемегдан.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Иако со часови го чекаше на клупата под зелениката во паркот, средбата не се случи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Час своето тело го чувствуваше како свое, час го гледаше во височина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Го почувствував тој отсјај како оној што со часови го чекав загледан навкосо во прозорецот наспроти мојата ќелија, во дивитот на затворската зграда наменет за женските притворенички, кој, со еден кат понизок, продолжуваше во паркот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Овој дел од играта особено ѝ годеше на Лилица која, како шалтерски работник во Јавното претпријатие за железнички транспорт, со часови го вјаваше столот кој по средината имаше вградено цврст федер, веднаш под сунѓерот прекриен со дебело кадифе во вишнова боја.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И двајцата час го земаа адвокатот Фонче да ги брани, час го оставаа и земаа други адвокати.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се затворил во сандак, и по половина час го извадиле мртов.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
По еден и пол час го заврши говорот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
У тој час го бил дјавол, тоја што бил како воин, и едва остана жив.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
А он тој час го обогати и му чинил измет, ама му се показувал како воин, и сè што сакал му давал на руките.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Му реков: Ајде Бошко, а тој ја зеде пушка и почна набрзина да се симнува надолу, јас по него. Куршумите летаа околу нас.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас повеќе се влечкав седната, беше многу стрмно, кога слушнав како чичко ми вика: Бошко, Мила нека се врати назад и некако потоа за час го снема.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
За час го снема во дворовите меѓу околните куќи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Е сега ја оплескавме – се растревожи Саше – тешко мене!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)