час (имн.) - седи (гл.)

И еве веќе цел час седиме во `ржаницата наудрена високо до оградата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кога претпоставуваше дека Злата мора за излезе од дома во дворот или да оди некаде, со часови седеше скриен зад оградата од дворот и чекаше; некогаш успеваше да ја види, па дури и да ја пресретне, да ја задржи за рака барем за миг и да ѝ каже, да ѝ се заколни во што сака - дека му поминала болеста, дека не станува ноќе, но таа молчеше или расплакувајќи се, ќе му речеше: - Таа болест не поминува... вели тате.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Со часови седеше во детската соба слушајќи ги своите деца како на глас спремаат испити и беше горда што толку брзо читаа, дека на факултет.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Имаше денови кога со часови седев на компјутерот, но, имаше и денови кога не ми одеше и разочарана во себе, ќе си речев: "Нема да успеам, не можам.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)