час (имн.) - има (гл.)

- Ведане, те молам, облечи се пристојно и немој да се оддалечуваш од зградата, за половина час имам намера да одам кај Билјана на Славко.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Часови и часови имам поминато лепејќи ги нивните проклети плакати низ цел Лондон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За шетање во попладневните часови имавме пристојно уреден парк од предната страна на зградата, така што внатрешниот агол од трикатното здание изградено на Г беше еден вид тампон зона зад која, претпоставувавме дека е распослан парк, сличен на нашиот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Во пет часот имаме „састанак“! – ѝ довикнав на излегување.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во последните дваесет и четири часа имав чувство дека е потребно да направам само мал напор и конечно да се откачам од својата корупка којашто веќе гниеше и можеби веќе ја ширеше наоколу својата реа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Не одговори ништо. Само воздивна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога прашавме дали има некој друг лет каде што има повеќе слободни места, ни рекоа дека за еден час има лет кој оди за Солт лејк сити, а потоа за Сиетл, но има само едно место.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Уште претходниот ден запрашав на автобуска во колку часот има линија за Скопје.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)