чанта (имн.) - извади (гл.)

Политкомесарот, на крајот од излагањето, од офицерската чанта извади хартија здиплена на четири. Извалкана е и излитена.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој се врати во својата земјанка, од офицерската чанта извади испишана хартија И тивко го чита упатството: „До командантите, партиските секретари и политичките комесари на одреди.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој, набрзина, од излитената кожена чанта извади неколку разнобојни пописни листови и еден поголем жолт тефтер.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)