црква (имн.) - ги (зам.)

Попот зовре уште толку и престана веќе да оди кај Рожденката да и крсти вода, од инает не побара кутол на Митровден и сите поскури што ги носеше Нешка в црква ги враќаше назад или му ги даваше на крмникот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тоа го правеа и еврејските и христијанските експерти за Кабала.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Католичката црква ги објавуваше светите текстови, но можноста за нивна интерпретација беше резервирана за клериците.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сепак, некои одлики на Деридините учења се особено карактеристични за модернизмот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во таа прилика српската црква ги приклучила епархиите Мороздвидска и Ќустендилска, заедно со градот Разлог.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Толеранцијата попуштила во времето на Сулјеман Величествениот (1520-1566) кој извршил ревизија на законите.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Голем број од црквите ги снабдуваше со свеќи од најразличен тип: од најтенките, наједноставните мали жолти, до прекрасни големи, украсени и излеани во прекрасни форми и бои за посебни пригоди: за свадби, крштевки, погреби, слави...
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Црквата ги величи зашто сама ги создала и ги хранела со иудашки сребереници од нејзината азна, а државата без срам се гордее со кодошлакот, шпионството и одродништвото и како пример на храброст за дечињата уште првиот ден на пречекорување на прагот од градинката, во нивните чисти души го истура отровот на отуѓеноста од родот и во тефтерите ги запишува со грчка пена. 3 ***
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Водејќи сметка за особената податливост на нашето население пред секакви авторитарни влијанија, особено пред влијанието на таква авторитарна институција каква што е нашата црква; водејќи сметка како црквата ги парализира, во нашиот случај, слободните витални пројави - нејзиното ширење не се допушта.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Понекаде, особено во новите индустриски зони се отвара по некое црквиче; исто и во новите реони на големите градови; но, мошне ограничено.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)