црево (имн.) - ми (зам.)

А, лебами, јас од тоа живеа, нека ми платит. Море, кога ќе си помисла оти на владиката во Битола му и брои педееет ж'ти на една рака за да ме стори поп цревата ми се буричкаат!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И маката не ми ја оставаат сама, што се вели, и цревата ми ги наслушуваат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се вратија дома. Уште од портата чичко Тале викна: - Каде сте? Цревата ми кркорат од глад! - Еве, - одговори старичката - ти ја носиме баба Наца.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Цревата ми свират, што се вели, се виткам за јадење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)