цел (имн.) - вечерен (прид.)

Се чека ноќ во овој голем простор нѐ потпира и нѐ подигнува лостот со бело знаме на врвот сред ветерот што ги зафатил прво возбудени од напон мускулите привлечени од оваа игра под течниот пурпур во раствор на шира се движиме пред да нѐ запрат и пред да се растури сѐ.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Од каде ни се сили во тој згустен час да кажеме добро, еве, јас сум јас и колку сум моќен и колку сум беден не зависи толку од оваа делта и од тој нејзин јаз во одскок на целта вечерниот ветер почесто ме лови во своите мрежи и вратот ми се ежи од трепети нови на мене близок глас што ги чули за нежност ушите од сите струни во шумолот на душите ја зедов оваа за најтенка и можеби за спас. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 137
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ноќта нѐ покрива и за нешто нѐ готви бели ги спуштаме знамињата за котви не знаеме зошто и немаме против. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 138
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)