фустан (имн.) - кој (зам.)

Беа облечени во винил и антилоп и пердуви, во фустани и шарени чорапи и кондури со патенти, и сребрени и златни мини- мини сукњи, и Пако Рабан фустани со пластични дискови, и yвонарки, и кратки фустани кои се ширеа од рамото надолу, а тоа доле се наоѓаше прилично над колената. (...) Пред крајот на април, на Бродвеј и 53.улица се отвори клуб под името Chee­tah.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Почна од мигот кога бесно ја затвори вратата пред носот на Рада, па сѐ до мигот кога на матурската ја виде со виолетовиот фустан кој како бајрак се лелееше зад моторот, со кој пристигна таа судбинска вечер.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во последниот дел од вечерта како модели за најсвечени пригоди беа прикажани и тесни црни или темно лилави фустани кои многу јасно ја истакнуваат женската фигура, горе затворени со набор од копченца од страна, со косата собрана во завиткани локни на секоја страна и високо дигнат тесен шешир со две,три или четири машнички од страна.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тоа, веројатно, и заради малку поотворената боја на новиот фустан која како да се прелеваше во две, еднаш темно сина, еднаш азмајно сина со одвај назначени ѕвездички извлечени со црни линии.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се појави Рада во прекрасен, долг виолетов фустан кој допираше до земја.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Клинците што доаѓаа во Дом изгледаа навистина супер.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)