француски (имн.) - јазик (имн.)

Испаѓа (со многу тешкотии за кои на ова место и сега не можам поподробно да зборувам - за тоа стануваше збор на други места, па и во текстовите од неодамна Du droit a la philosophie, Cirkonfesija и L’autre cap), испаѓа, значи, дека сум се родил, како што рековме, во склопот на европската преференција, давајќи му предност на францускиот јазик, народот или граѓанската припадност, да не наведувам други примери, а потоа и во преференцијата на ова време, на она што го сакаме, семејството, пријателите - и непријателите исто така, се разбира, итн.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа треба да се смислува во секоја реченица, без извесности, без апсолутно осигурување.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Обидувајќи се да го приближиме лингвистичкиот аспект на Дишановите дела на оние кои не го зборуваат францускиот јазик, ја отфрлив вообичаената метода на преведување и титлување на извесен број англиски зборови врз оригиналниот филм.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
За оној којшто го зборува францускиот јазик овие фрази ќе звучат бесмислено, но, гледачот сепак ќе се обиде да се занимава со нив онака како што обично го употребува јазикот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Имено, ова што следува претставува опис на тие девет изрази во нивната врска со филмот, со Дишановото oeuvre, и во врска со францускиот јазик како целина.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Научив доста од францускиот јазик, сега ми престоеше полагање на испити на мојот факултет.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Сакав да работам со учениците и да им ја всадам љубовта кон францускиот јазик.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
А што се однесува до францускиот јазик, далеку бев од тоа да течно го зборувам.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Париз, градот од филмовите, од романите, од моите учебници за изучување на францускиот јазик...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Повеќе не дискутиравме за нас, за францускиот јазик, за децата што ги чувавме.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Го познавал и францускиот јазик, што исто така можело да му биде од корист.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ѕвончето заѕвони и по неколку секунди Французинката стоеше во станот на Ѓорѓија во бела маица со кратки ракави на која беше испишано името на некој ресторан.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Успешно се убеди дека францускиот јазик е добар за иднината и дека вреди да се учи, а дека оваа нова и симпатична сосетка само го потсетила на тој факт.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Убаво го распозна францускиот јазик на кој пееја девојките и кој како да беше акцентиран со црцорењето на птиците.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)