формирање (имн.) - југословенски (прид.)

Кога станува збор за формирањето југословенско- бугарска федерација, Британците биле согласни да поддржат федерација во која би влегле сите балкански држави, словенски и несловенски, без фаворизирање на која било од нив, а во ниеден случај не би прифатиле федерација меѓу Југославија и Бугарија, од едноставна причина што таквата федерација, според нив, ќе останела затворена и нема да отвори можност за влегување на другите балкански држави во неа, а тоа, од своја страна, би ја изолирало Грција, со што би ја загрозило нејзината позиција како балканска земја.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Уште еден аргумент што одел во прилог на тоа да не го прифатат формирањето на југословенско-бугарската федерација лежел и во фактот што со тоа Бугарија, како земја која се борела на страната на нацифашизмот, би ги избегнала последиците коишто требало да ги поднесе поради нејзиното учество во двете светски војни на страната на Германија, а против нејзините балкански соседи и против западните демократски сили.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)