формирање (имн.) - федерација (имн.)

Од тие причини, Орме Сарџент во јануари 1945 година,побарал Британската влада да ги запознае Југославија и Бугарија со британскиот став во врска со преговорите.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Нацрт-договорот за формирање федерација е составен меѓу 3 и 13 ноември 1944 и е доставен до Софија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Федерацијата требало да биде објавена на 1 јануари 1945.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Разбирливо е што Британците не можеле да останат пасивни и индиференти во поглед на опасноста за нивните интереси од активирањето на "македонското прашање" и поради укажувањата за формирање федерација меѓу Југославија и Бугарија, со што се загрозувале британските стратегиски планови "во градењето на Грција и помагањето на Турција како балканска сила".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)