формирање (имн.) - мисија (имн.)

Дотогаш тие немале свои разузнавачи во Врховниот штаб на Јосип Броз Тито и во штабот на Дража Михаиловиќ и целосно зависеле од информациите што ги добивале од претставниците на СОЕ во Каиро.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
За формирање мисија во Каиро, од страна на Вашингтон биле испратени полковникот Елери Хангтингтон, висок офицер на ОСС, заедно со полковникот Густав Гентер и мајорот Луис Хјут.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од тие причини, во март 1943 година, во Вашингтон се одлучило да се пристапи кон формирање мисија на ОСС во Каиро, од каде би пратиле свои офицери за врска во штабовите на Јосип Броз Тито и на Дража Михаиловиќ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Контактот меѓу двата југословенски оддела – СОЕ и ОСС – бил редовен и постојан и веќе кон крајот на јуни 1943 година мајорот Луис Хјут, кој бил раководител на Одделот на ОСС во Каиро, ги имал сите информации за ситуацијата во Кралството Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)