филџан (имн.) - кафе (имн.)

Сакам со тебе да го изненадам Саво, а историјатот за нашето патешествие ќе ти го раскажам со филџан кафе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Филџан кафе од кој се крева последниот страк пареа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И кога девојката му ја донесе чинијата со шунка и јајца, веќе беше подготвен за вториот филџан кафе.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Веќе го пиеше првиот филџан кафе кога Кети дојде долу.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Рози испи два филџана кафе со тост и џем и излезе надвор во градината да ја бара Кети.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Десно од раката ставена на маса, беше филџанот кафе, сега празен, оставен само со црниот талог внатре.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дубровчанецот го убедуваше дека такво нешто нема да се случи, но тој продолжи да бара знаци во сѐ, и во хороскопот, и во превртениот филџан кафе што мајка му сега редовно го вареше, и во предметите што му се испречуваа на патот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
9 Утрото започна со тивко чукање на вратата од спалната соба на Перо: влезе Атина, со филџан кафе и поголем пакет.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Газда Таки седеше во дневната соба со филџан кафе, чаша вода и грст локуми на масата до него.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Донесе два филџана кафе - за мама и за него - и чаша сок за мене.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тато стана од попладневниот одмор и дојде на балконот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Понекогаш, тоа го правеше за да му однесе на Татко филџан кафе, или чај, а неретко и да ја избрише прашината од книгите, и покрај тоа што неколку пати го беше сторила тоа, па на нив речиси и немаше прашина.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)