филм (имн.) - нема (гл.)

Освен тоа, овој филм нема чувство на вина во врска со прикажувањето на драматичните работи, како на пример секвенците со туширањето,...или што и да е.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Да споменеме како забавен детаљ и тоа дека Хичкок во Чамецот за спасување веројатно на најдуховит начин се појавува во сопствениот филм; долго размислувал како да го реши тој проблем, бидејќи во филмот нема масовни сцени, целото случување е ограничено на чамец среде море.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во овој филм нема таква поделба, па до крајот на филмот се прашувате кој е позитивниот лик - Лиам Нисон или Пирс Броснан.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Филмот немаше тон, што беше дополнителен предизвик за дебелата Симона.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Монтажа и време Ворхоловиот пристап кон монтажата го карак­теризира, слично како и во остана­тите елементи, специфичното отсуство на монтажата.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Основниот проблем беше што во филмот нема тајна.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Со други зборови, во најголем број Ворхолови филмови нема монтажа под нивото на ролната.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)