учител (имн.) - кој (зам.)

…ако малечката но впечатлива епизода со дебелиот е пример par exelance за пресметка со дистанцата како неприкосновена одалеченост зарем и јас досега не размислував премногу додека пишував наместо да доживувам не сокривајќи се зад зборот зад законите на добрата реченица зошто да не го излијам несигурното созревање на чувството во линијата на ракописот користеноста на дистанцата е научена од родителите од почитуваните учители кои со лесна иронија но убедени ја негуваа скапоцената логика на аргументите а што ако така сум вовлечен во не- -јас во светот преземен толку е тешко после сета умешност да се заглушат ушите да се отфрли мрежата да се признаеш себе си внатре сонцата жежат ли жежат усните немоќно сами се потсмеваат гнездото се урива веќе ме облева летото илјадници плави нестрпливи звуци ја оставаат зад себе молчеливата погрбавена сенка...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Со сопствени очи видов христијански учител кој водеше приредба со еврејски песни на децата во училиштето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И конечно, поенатата: „Ќе го преземам рабинското место на Солун на Лаг Баомер15 во 5683 (1933) година и се надевам дека ќе бидам рабин кој ќе воспостави брак помеѓу Евреите од Истокот и Евреите од Западот, кој ќе ги обедини во единствена нација на Израилот, за благосостојба на нејзиното духовно постоење и напредок, како во егзил така и во земјата Израелска”. 16
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Замолча и за миг одново го доби изгледот на учител кој испрашува ученик што ветува: „Како еден човек ја воспоставува својата власт над друг, Винстоне?“ Винстон размислуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Социјалниот состав на ајдутските дружини бил разновиден: селани, сточари, аргати, чифчии, овчари, разни слуги, а се случувало да има и попови, калуѓери, учители кои во повеќето случаи биле духовни водачи на ајдутските дружини.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На друга слика со убав калиграфски ракопис: “На нашиот драг и почитуван учител кој херојски се бори против глупавиот Мусолини, неговите ученици”.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)