утеха (имн.) - дека (сврз.)

Но, остануваше последната утеха дека излезот сепак постои, ако не во затворената тесна врата на идеологија­та, тогаш сигурно ќе го покажат татковите книги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тоа било илузија, утеха дека воопшто нешто имаш.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Триесет навршив ете... Ми велеа сите Ист си ко дедо ти Вистинољубив, чист Така ми поминаа годините, дните – Во утеха дека сум бил алтруист! 1999
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Се ближел заод некако поинаков од другите до тој ден, како тежок, како мртов сон - до бескрај се шири и сѐ околу себе дави пепелава поплава без јасни сенки, слаба темница што ни се враќа во коритото на секнатиот ден ни прераснува во ноќ.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И кога оние двајца биле готови, во исправеноста слични на голи стебла, едниот крај јамата, другиот крај преголемиот куп гранки, тишината станала помамна утеха дека сепак не ќе се случи нешто страшно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во гласот открив поголема живост од минатиот пат, но тоа не беше доволна утеха дека таа беше како пред моето заминување.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не можеше да мине преку Осло на камила или на бел коњ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Арафат можеше на своето Пирово враќање од егзил да го жртвува последното што му остануваше, својот веќе разорен живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Можеби му остануваше утехата дека и Мојсие не се врати во ветената земја!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но никогаш не го напушташе вечниот жртвен оптимизам кога конечно се врати во Рамалах со утехата дека пророкот Мојсие не се вратил во Ветената земја!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мала е утехата дека саканата ќе ми ја излиже раната како волчица.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)