утеха (имн.) - кој (зам.)

И повеќе сакаше никој да не ѝ доаѓа, да не гледа сожаливи погледи, да не слуша утехи кои ѝ го навредуваа она убавото што ја брануваше пред страшниот судир...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Можеби тоа беше утеха која го редуцираше целиот свет, го сведе на една точка; можеби тоа беше психолошки механизам со кој мојата машка повредена суета се бранеше од реалноста; но можеби таа опсесија беше, и тоа сега првпат отворено ќе го кажам – остаток од некој мој претходен живот, од некоја моја претходна инкарнација.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)