уста (имн.) - нивен (прид.)

Оние кои го имаа видено записот (а тоа беа Граматик Граматик и отец Мида, за кои слово ви преподадов веќе), беа веќе мртви, и устите нивни беа неми, запечатени за овој свет.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Секогаш бегај од слаткоречиви. Од устата нивна тече мед и млеко, а зад тоа се кријат змии отровници.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Од устата нивна говореше суетата: загрижени беа за првенството свое кај логотетот и кај Царот, а во Филозофот виода натрапник што сака да се послужи со тоа првенство.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)