уста (имн.) - во (предл.)

Од твоја уста во господој уши, Никола, велат главите на сојовите, а Цветан Велјаноски додава: Само да не се случи одмаздата да се изврши на наш синор, туку на ничиј.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со устата во процепот од средни големини пак намести се во почетниот збор на истераниот вокатив.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Од уста во уста, тивко ја пренесуваат наредбата: - Подготви го ножот!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во косата имаше бели прамени, но вистински застрашувачки детаљ беше нејзината малку подотворена уста во која немаше ништо освен пештерска темница.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Доброутро, спанко! Повторно ме плашиш. Томо само ја развлече устата во нешто што требаше да личи на насмевка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Го исклучував тонот и склопчена на каучот ги гледав Индијките како ги отвораат устите во облик на буквата О, ги збрчкуваат веѓите во облик на буквата V, се подигруваат со своите црни плетенки, ги камшикуваат Индијците со своите страсни погледи, забрзано дишејќи и гледајќи накосо, како зајаци.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од занес подземени, од восхит замаени, тие не ги забележуваа свитканите грбови на селаните по гумната, по нивите, не ги забележуваа исушените очи и усти во кои немаше место за пцост, ни ќоше за клетва.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ме погледна зачудено Масим, синот на стрико Бојан, ја подотвори устата во чудо, ги ококори очите и прекорно ми рече: Какво писмо ти пратил татко, кога тој почина пред една година во Домот за старци во Катланово, го погребавме по сите обичаи на градските гробишта, му правевеме помен на четириесеттиот ден и парастос на годината од умирањето?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ќе ја ставиш устата во лончето и ќе кажеш што имаш за кажување.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гледај. Ја развлече устата во лажна насмевка и плесна со дланките.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На површината на водата, со устата во јадицата, исплива не риба ами рипче.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
САЗДО: (Задоволно ја развлекува устата во насмевка.) Така, е шефе. ***
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Како дива и пеколна фурија, како нагла градобијна бура, како надојдена матна река и облак од пламен - од куќа до куќа, од уста во уста се пренесуваше страшната и лошата вест.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Летнав наназад - и така, исто како Маци, не успеав да видам кој ме кутнал.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Гушката на мајка му на Дино завибрира кога ја отвори устата во вчудовидување.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Брбориме со устите во водата. Првкаме ко коњи и правиме клобурци зад ушите. Излегуваме, влегуваме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Размислував, милијарда луѓе гледаат во небото токму сега, сите со подотворени усти во исто време.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)