уметник (имн.) - зашто (сврз.)

Тогаш со денови гледав како зад правливите прозорци на работилницата – ја викаа фабрика – се трупаат нови предмети: ѕидни полици или масички за радио кои не вредеа ни колку туткалот што се трошеше за нив.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Така го минував времето, ден за ден, речиси две недели – во канцеларијата на тој неинтелигентен човек, кој самиот себеси се сфаќаше сериозно, и, згора на сè, се сметаше за уметник зашто понекогаш – додека бев таму, тоа се случи само еднаш – го гледаа како стои крај масата за цртање, работи со моливи и хартии и црта некој расклапан предмет, полица за цвеќе или нов вид домашен шанк, некаква мака за новите генерации потрошувачи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)