улица (имн.) - надолу (прил.)

Можеби токму тогаш ќе дојдеше на идејата од која подоцна направи пари, но заедно со раката со чија опачина сакаше да си ја избрише потта од челото, го крана погледот и ја здогледа Германија како се спушта по улицата надолу, тука, на неколку метри од него.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таа рамномерно и рамнодушно се движеше по улицата надолу, чиниш во улога на манекенка којашто пловејќи по пистата сака да овозможи да ги покаже сите свои примамливи привлечности што креаторот сака да ги истакне.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Насмевнат, авторот ѝ се тргна од патот, а таа направи полукруг околу него како да му стави на знаење дека го избегнува и замина по улицата надолу.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)