улица (имн.) - кој (зам.)

Кога таа вечер си одеше накај дома по градските улици кои бликаа со живост, како на само десет километри оттука да беше Лас Вегас, а не фронтот, очите му беа насолзени – што од студеното ветре што доаѓаше некаде откај планините, што од чувството дека сите што ги знаел и во кои верувал некаде заминале, та останал само тој, сосема сам на некое непознато место, опкружен со туѓинци со кои никако не може да се разбере.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Си ги наметна палтото и шалот Сликарот и излезе на улицата која го обрабуваше морето и тргна по неа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога го минувавме прагот од домот во кој пред осумнаесет години го донеле оние кои го посвоиле, а бевме тргнале кон домот во кој од него се одвоила неговата мајка, Рајнер застана, ја зеде мојата рака во својата, во онаа во која го држеше парчето хартија на кое беше запишана адресата кон која требаше да одиме, и рече: „Од времето кога заврши моето детство, па до доаѓањето овде, понекогаш кога ќе ги затворев очите, здогледував бестелесно женско суштество.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Му го кажал она што го знаел – го родила девојка која тогаш имала петнаесет години, се викала Гертруда, и во тоа време, пред осумнаесет години, живеела на улица која Рајнер ја имаше запишано на парчето хартија кое го држеше во раката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од железничката станица тргна по улицата која некогаш била позната како Хамдие џадеси, а подоцна прифатена со популарниот назив Широк сокак.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но, сепак, на неговата најневралгична артерија- по улицата која води кон врвот „Мон Валеријан“, каде што болницата „Фош“, можеби безброј пати, и дење и ноќе, се разнесува пискотливиот и морничав звук на болничките коли, кои јурат со вратоломна брзина носејќи болни за чиј живот секоја секунда е пресудна а кој можеби, ќе им го спаси професорот Гио или некој друг хирург.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Пелагија ги испрати дури до долната улица која од пругата наваму продолжуваше од Ѓуро Ѓоновиќ, таму ги изгушка патем наспомнувајќи дека во недела Деспина ќе се армаса за Атанас на Вета и дека многу се радува заради мајката Роса која толку многу има страдано, а Чана, како навредена, Знм, ми кој уд нас нема страдано? и се разделија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)