улица (имн.) - бев (гл.)

Платите почнаа да доцнат, а подоцна и воопшто да не се исплаќаат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Интересно е да се спомене дека со секој нареден бран на вакви колективни отпуштања, правата на оние работници кои остануваа на улица беа сѐ помали и помали.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, бидејќи по распадот на бившата заедничка држава, се изгубија голем дел од пазарите кадешто фабричките производи беа етаблирани и препознатливи, фирмата западна во тешка криза.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Улицата беше празна, како никогаш во ова време.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Улицата беше мирна, пуста. Таа ја мина и се најде на кејот, пред бедемот на реката, под сенката на високите тополи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Затоа по неговите улици беше многу живо и шумно и дење и ноќе.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Додека траеше Солунскиот велесаем во Солун беше поживо и имаше многу повеќе гости, патници, повеќе автомобили, а улиците беа преплавени од нив, особено онаа главната - „Виа Егнација“, во која надоаѓа сиот град и во која дотечуваат сите улици и улички на градот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Улицата беше пуста како што беше пуст и животот, и темна како лицето на стражарот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И таа како и улицата беше задушена во мов, се крстеше секое утро пред своите дуќански врати, со животински страв од данок, меници, повереници и полициски писари.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Застанав и се завртев. Зад мене улицата беше пуста.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Улицата беше пуста и прошарена со мали жолтеникави риги од осветлените прозорци.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Мајка се стресуваше и велеше: „Никогаш не било постудено.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Улиците беа поспани по неделната работна ноќ. Стигнавме до улицата што ја баравме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Неколку млади луѓе го шутираа расфрланото ѓубре. Еден пијан човек се превртуваше на плочникот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Околу нас сѐ испаруваше од врелина, улицата беше празна, муви летаа во воздухот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Повторно имаше илуминации, улиците беа украсени со знамиња, транспаренти и фенерчиња.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И јас си заминав откако стигнав да издадам уште три броја на списанието “Меч”, кое беше толку популарно, што неговите примероци може да се пронајдат дури и во јавните библиотеки. okno.mk 167 Стигнав во Петербург токму за Нова година.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Од другата страна на улицата беше широката порта на тутунската фабрика.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Целата улица беше затната од автомобили, кои се паркираа поткачени на тротоарите и од лево и од десно на сокачето, а од нив излегуваа господа во костуми и капути до под колена, како од американски филм.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Немирот на улицата беше предизвикан од налудничавото однесување на еден човек со мускета. Пукал во насобраните жени и деца.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Го спуштив погледот врз чекорите: и самата улица беше од стара масивна коцка.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Куќите од двете страни на улиците беа морничаво неподвижни во муграта.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Улицата беше пуста и потоната во дремливост, само далеку негде, на крај, кочоперно стоеше на некој оџак ламаринено петле.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ја слушаше и настојуваше да оди сигурно. „Затоа и немам корења да ги впијам в земја.“ , „Затоа ветрот ме носи на четири страни.“ На улица беа тие и глутница пци.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го навлече мантилот и јурна од куќата. Улиците беа пусти.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Улиците беа влажни и валкани.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Улицата беше, всушност, ќорсокак.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Барем една четвртина од стаклата на прозорците во улицата беа искршени и заменети со картони.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На улица беше можно да се разговара на извесен начин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сосема сам. (Во тоа време беше генералниот штрајк на градската хигиена, па улиците беа полни со ѓубре.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во термините за нејзино емитување и старо и младо седнуваше пред телевизор, а улиците беа пусти ко пак да сме четврти мај.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Малку се потскрив. Па потем, со брзи чекори, продол­жив. Улиците беа празни. Пусти.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На улица беше мрак и зима. Не зима. И не пролет.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Калдрмата на мртвата улица беше покриена со жолт матен превез, беше стисната меѓу два реда кулиси.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Темната 'рѓа од другата страна на улицата беше сѐ што можеше да види.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Улицата беше тивка и нема, долга и празна, само неговата сенка се движеше како сенката на јастребот низ полето.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Улицата беше поплочена со камен, секој камен беше осум центиметри широк и шеснаесет долг.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Насекаде околу нив градот мрмореше. Улиците беа обрабени со зелени стебла.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Зашто улиците беа како еден огромен јазик, и додека луѓето минуваа по нив вкусот на нивните ѓонови се впиваше во длабините на камените пори за да биде испитан со лакмус.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Продолжи да се врти по Градот, и иако имаше впечаток дека оди во круг, имињата на улиците беа различни.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Улиците беа празни. Европа беше мртов музеј.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)